Големи поделби во ЕУ поради санкциите за Русија
Седум држави членки на Европската унија се залагаат за укинување на санкциите за Русија, истакнал извор близок на Европскиот совет за агенцијата „Тасс“.
Тој навел дека министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ нема да донесат никакви одлуки против Русија на состанокот кој треба да се одржи на 19 јануари.
„Укинување на санкциите поддржале Австрија, Унгарија, Италија, Кипар, Словачка, Франција и Чешка. Русија ќе биде тема на разговор, но само во поглед на проблемите со санкциите“, навел изворот за агенцијата „Тасс“.
Руската агенција се повикува и на изјави на други извори, кои наведуваат дека наспроти ставот дека на 19 јануари не се очекуваат никакви промени, тонот на дискусијата за проблемите со санкциите мора да биде намален.
„Министрите ќе се потрудат да подготват терен за ублажување на санкциите. Можеби тоа време дошло, време за таква одлука“, рекол дипломатот.
Американскиот „Wall Street Journal“ навел дека имал прилика да го види документот со кој се ублажуваат санкциите за Русија, наведувајќи дека овој документ би требало да биде тема на расправа на 19 јануари.
Слично
