Економија, финансии, бизнис

Контакт

Голема трагедија, почина фудбалер кој играше на Светското првенство

Голема трагедија, почина фудбалер кој играше на Светското првенство

Јужноафриканскиот фудбал е обвиен во црно по веста дека репрезентативецот Џејден Адамс почина на 25-годишна возраст, само неколку дена по враќањето од Светското првенство, каде што ја претставуваше својата земја.

Играчот од средниот ред на „Мамелоди Сандаунс“ беше дел од репрезентацијата на Јужна Африка каде што настапи во сите три натпревари од групната фаза. Во елиминацискиот натпревар од осминафиналето против Канада, тој не играше, а потоа неговиот тим го заврши учеството на турнирот.

Веста за смртта на Адамс ја потврдија членови на неговото семејство и Фудбалската асоцијација на Јужна Африка. Официјалната причина за смртта не е објавена, додека некои локални медиуми шпекулираат дека станува збор за самоубиство, наведувајќи дека фудбалерот наводно се борел со депресија. Таа информација, сепак, не е официјално потврдена.

Неговиот ментор Брендин Џонсон се збогуваше со младиот претставник со емотивни зборови.

„Сè е сè уште многу свежо и семејството во моментов не сака јавно да зборува. Заминувањето на Џејден целосно нè скрши. Тој штотуку се врати од Светското првенство. Последниот пат кога разговаравме беше во четврток, беше расположен, зборуваше за одговорностите што го чекаат и се подготвуваше за нив. Не можам да опишам колку ме погоди оваа вест“, рече Џонсон за јужноафриканските медиуми.

Во текот на својата кариера, Адамс го носеше дресот на Мамелоди Сандаунс, додека за сениорската репрезентација на Јужна Африка одигра девет натпревари и постигна еден гол.

Фото: Инстаграм профил/Џејден Адамс

Слично

Поврзани вести