Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА НА ФЛОРИДА: Се урна новоотворен мост, неколку лица загинати

(ВИДЕО) ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА НА ФЛОРИДА:  Се урна новоотворен мост, неколку лица загинати

Се урна нов пешачки мост  во градот Свитвотер во американската сојузна држава Флорида.При инцидентот 6 лица го загубија животот, а 10 се повредени и итно пренесени во болница.

Мостот ги поврзувал Меѓународниот универзитет на Флорида и универзитетскиот кампус и минувал над булевар со шест ленти.


Сообраќајната полиција потврди дека мостот се урнал врз возила.

Мостот,кој е долг 53 метри и тежел 950 тони беше пуштен во употреба  на 10 овој месец. Изграден е со користење иновативен пристап кон изградба на мостови – техника што требаше да ги намали потенцијалните ризици за работниците, патниците и пешаците и да ги спречи сообраќајните метежи во областа. Мостот  чинел над 14 милиони долари.

Слично

Поврзани вести