Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ИСТОК: Го повлекуваме признавањето на Тајван, тој е дел од Кина

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ИСТОК: Го повлекуваме признавањето на Тајван, тој е дел од Кина

Малата островска држава во Тихиот Океан, Науру се предомисли и го промени ставот за признавањето на Тајван.

Владините тела на Науру најавија дека ќе ги прекинат сите дипломатски односи со Тајван. Воедно беше посочено дека ќе се признае суверенитетот на Кина над Тајван, од страна на владата на оваа малата островска држава во Тихиот Океан.

Со овој чекор, Науру стана првиот дипломатски досегашен сојузник на Тајван кој застана на страната на Пекинг по претседателските избори одржани овој викенд.

Владата на Науру објави дека е „во најдобар интерес“ на земјата и нејзиниот народ да бара целосно обновување на дипломатските односи со Кина, пишува Гардијан.

- Тоа значи дека Република Науру повеќе нема да го признава Тајван како посебна држава, туку како неотуѓив дел од кинеската територија и дека од овој ден ќе ги прекине „дипломатските односи“ со Тајван и повеќе ниту еден официјален претставник нема да развива односи со Тајван – се наведува во соопштението.


Потегот на Науру го остава Тајван со само 12 формални дипломатски сојузници, вклучувајќи ги Гватемала, Парагвај, Есватини, Палау и Маршалските Острови. Кина тврди дека Тајван е нејзина територија без право на меѓудржавни врски, што Тајван силно го оспорува.

Тајванските безбедносни претставници изјавија за Ројтерс пред изборите во сабота дека Кина најверојатно ќе продолжи да ги омаловажува неколкуте земји кои имаат формални дипломатски врски со Тајван.


Лаи Чинг-те од владејачката Демократска напредна партија во Тајван победи на претседателските избори во саботата и ќе ја преземе функцијата на 20 мај. Кина пред изборите го нарече Лаи опасен сепаратист.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести