Голема полициска акција на јахтата на Роналдо
Нов скандал го потресе најдобриот фудбалер Кристијано Роналдо откако на неговата јахта укотвена во Шпанија беше извршена голема полициска акција со присуство на цариници и специјални истражни агенти.
Ѕвездата на Реал Мадрид веќе неколку денови е на одмор на својата приватна јахта заедно со својата девојка Георгина Родригез како и потесното семејство и децата.
Тие биле принудени да ја напуштат јахтата, откако дошла ненајавена инспекција и побарала јахтата да биде целосно пребарана и „исчешлана“.
Оваа постапка на полицијата доаѓа откако претходно во медиумите излегоа информации дека Роналдо ќе биде судски гонет за даночна проневера во период од неколку години.
Слично
