ГОЛЕМА ПОБЕДА: Запрена еболата во Нигерија!
Прва голема победа на здравствените власти против смртоносниот вирус ебола. Светската здравствена организација денеска соопшти дека ја сместува Нигерија на листата на земји во кои нема ебола, откако 42 дена не е регистриран ниту еден нов случај во оваа земја.
„Ова е спектакуларна приказна за успех“, вели претставникот на СЗО Руи Гама Ваз. Најмногубројната африканска земја доби пофалби за брзата реакција откако еден либериски дипломат ја пренесе болеста во оваа земја во јули годинава.
Досега од ебола во земјите од западна Африка починаа над 4.500 лица, од кои најмногу во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне.
Слично
