ГОЛЕМА ИЗМАМА НА БРИТАНСКИТЕ ТУРИСТИ: Епидемија со лажни пријави може да ја чини Шпанија милиони евра!
Шпанските хотелиери се соочуваат оваа година со епидемија на лажни пријави на британските туристи за труење со храна во надеж дека ќе добијат паричен надомест што може да значи милиони евра загуби за туризмот во Шпанија.
Угостителите во Шпанија пред многубројните пријави се насочиле кон приватни детективи како би откриле измами.
Претседателот на шпанската федерација на угостители Рамон Есталеја изјавил дека во текот на сезоната 2016 и 2016 година, кој уште не е завршена се поднесени 10 000 пријави додека во претходната сезона биле само 600.
Британското здружение на патнички агенции од своја страна ја покренало кампањата „Стоп за лажни пријави за болести“ жалејќи се дека на крај сите ќе ја платат цената на такви измами.
Тоа здружение наведува дека во последните три години бројот на пријави на британски туристи кои престојуваат во странство пораснал дури за 500 отсто. Тој феномен погодува и други дестинации како Турција.
