ГОЛЕМА ГРЕШКА-МОДЕРНА НАМЕСТО ФАЈЗЕР ДОБИЛЕ НЕКОЛКУ ДЕЦА ВО ГЕРМАНИЈА: Случајот е пријавен во полиција
Неколку деца во Германија случајно биле вакцинирани против
Ковид-19, со вакцина што не е се уште одобрена за нивната возрасна група, јави
германската новинска агенција ДПА.
Во Центарот за вакцинација во округот Олпе во покраината Северна Рајна-Вестфалија, на неколку деца им била инјектирана вакцината на Модерна, наместо вакцината на Фајзер која единствено од страна на ЕМА е одобрена за деца на возраст од 5 до 11 години во Европската Унија.
Иако кај децата не се забележани никакви проблеми во моментот на напуштање на центарот за вакцинација, по барање на родителите, случајот е пријавен во полиција.
Слично
