Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ГОЛЕМА ГРЕШКА“: Германија признава дека напуштањето на нуклеарната енергија ја ослабило економијата

„ГОЛЕМА ГРЕШКА“: Германија признава дека напуштањето на нуклеарната енергија ја ослабило економијата

Германската министерка за економија и енергетика Катерина Рајхе оцени дека напуштањето на нуклеарната енергија било „огромна грешка“, порачувајќи дека Германија со таа одлука останала без важен извор на стабилна и достапна електрична енергија.

Говорејќи на конференцијата ЦЕРАВик во Хјустон, Рајхе изјави дека германската енергетска политика била силно насочена кон климатските цели, додека прашањата за цената на струјата и енергетската сигурност биле потценети.

Според неа, нуклеарната енергија ѝ обезбедувала на Германија околу 20 гигавати струја без емисии на јаглерод диоксид и по прифатливи цени, а денес тој капацитет ѝ недостига на најголемата европска економија.

Германија почна да се откажува од нуклеарната енергија по несреќата во Фукушима во 2011 година, а последните три реактори беа исклучени во април 2023 година. Пред затворањето, нуклеарните централи обезбедуваа околу една четвртина од електричната енергија во земјата.

Изјавата на Рајхе отвора нова дебата во Германија и во Европа околу тоа дали зелената транзиција треба посилно да ги земе предвид и цената на енергијата, сигурноста на снабдувањето и конкурентноста на индустријата.


Слично

Поврзани вести