ГОЛЕМА АКЦИЈА ВО ГЕРМАНИЈА: Рации и апсења во исламски келии во Берлин
Повеќе од 200 германски полициски службеници рано утринава изведоа рација во келии на исламски екстремисти во и околу Берлин, а до овој момент уапсени се две лица, вклучуително и лидерот на групата која имала намера да изведе напад во Сирија. Полицијата соопштила дека е уапсен 41 годишен маж со турско потекло, пренесува „АФП“.
Тој е осомничен дека „ја предводел исламската екстремистичка група која била составена од лица со турско и руско потекло од областа на кавкаскиот регион, Чеченија и Дагестан“.
Полицијата нагласила во соопштение дека „не постојат назнаки дека групата подготвувала напади во Германија“.
Агенцијата „Ројтерс“ наведува дека две лица се уапсени во акција на полицијата и дека таа била реализирана по повеќемесечна истрага која се однесувала на пет турски граѓани, на возраст од 31 до 44 години.
Тие се осомничени дека „подготвувале сериозни напади против сириската држава“, а се теретат и за перење пари.
„Ројтерс“ пренесува дека околу 250 полициски службеници учествувале во рациите во 11 објекти за кои се верува дека се поврзани со исламските салафисти. Акцијата на германската полиција следи по само неколку часа откако белгиската полиција доцна синоќа уби двајца мажи во антитерористичка операција против група која подготвувала да изведе „терористички напади од големи размери“.
Слично
