Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГОЛЕМ СУДИР ВО „ТЕСЛА“: Илон Маск на удар, му бараат 13 милијарди долари

ГОЛЕМ СУДИР ВО „ТЕСЛА“: Илон Маск на удар, му бараат 13 милијарди долари

Во Tesla се случил голем конфликт - акционерите бараат 13 милијарди долари одговорност и компензација од основачот и извршен директор на компанијата, Илон Маск, поради преземањето на неговата друга компанија, „Солар сити“.

Акционерите поднесоа тужба против Илон Маск, тврдејќи дека тој ја злоупотребил својата позиција како најголем косопственик за да го убеди одборот на директори на производителите на електрични автомобили да преземе високо задолжена и нестабилна компанија во тоа време. Според наводите од тужбата, преземањето на компанијата „Солар сити“ било непотребно за „Тесла“ и само го оптоварувало бизнисот на таа компанија, пренесува РТ.

– Во овој случај се испитува дали преземањето на „Солар сити“ било спас на таа компанија од финансиски неволји, оркестрирано од Илон Маск – изјави адвокатот на акционерот Ренди Барон на судското рочиште.

Тој договор ја чинеше Тесла 2,6 милијарди долари во 2016 година, а акционерите веруваат дека Маск сега им должи 13 милијарди долари, бидејќи цените на акциите на Тесла се зголемија оттогаш.

Пред преземањето на Солар Сити, Илон Маск беше најголемиот акционер во компанијата, која ја основаа негови роднини, со 22 отсто од акциите. Беше и претседател на управниот одбор на „Солар сити“ во тоа време, како и генерален директор и претседател на „Тесла“. Затоа акционерите на „Тесла“ сметаат дека Маск си поставил поголема добивка и поголема придобивка отколку што имала компанијата „Тесла“.

На претходните сослушувања, Маск се бранеше дека преземањето е дел од неговиот глобален план за создавање на интегрирана енергетска компанија, која ќе ги комбинира соларните панели произведени од Солар Сити со автомобилите и батериите на Тесла. Неговите адвокати додадоа дека „Солар сити“, кој сега работи како „Тесла солар“, во моментот на преземањето не бил ни блиску до колапс и дека е компанија која ветува.

– Без Илона Маска, компанијата „Тесла“ можеби и немаше да постои, а камоли да има вредност од 1.000 милијарди долари, како што е сега. Тоа не значи дека Маск ја контролира компанијата, туку дека е многу ефикасен извршен директор – изјавила Ванеса Лавли од правниот тим на најбогатиот човек на светот.

Маск го критикуваше барањето за обештетување како „неоправдано високо“, наведувајќи дека тоа е сума пет пати поголема од која било компензација утврдена со пресудата досега. Пресудата се очекува за околу три месеци.


Foto: Printscreen/Jutjub/TED

Слично

Поврзани вести