ГОЛЕМ ПРОПУСТ: Научник тврди-Имаме погрешни информации за короната
Научник кој ги проучувал јавните извештаи за раните случаи
на корона вирусот во Кина, истакна дека СЗО најверојатно
направила грешка во раната хронологија на пандемијата.
„Не знаеме ништо за Ковид. Не можеме да предвидиме во која насока ќе оди.
Имено, новата анализа тврди дека првиот познат пациент кој се заразил со корона вирусот бил продавач на голем пазар за животни во Вухан, а не сметководител кој живеел километри подалеку.
Извештајот, објавен во престижното списание Science, предизвика дебата за тоа дали пандемијата започна со ширење на вирусот од диви животни што се продаваат на кинескиот пазар, дали потекнува од лабораторија во Вухан или на некој друг начин. Потрагата по причината за оваа најголема здравствена катастрофа на овој век предизвика геополитички конфликти, а во последните месеци се појавија неколку нови факти кои би можеле да понудат одговор на тоа прашање.
Научникот и водечки експерт за следење на еволуцијата на вирусот на Универзитетот во Аризона, Мајл Воробеј, забележа отстапувања во временските рамки за време на проучувањето на објавените трудови во медицинските списанија, како и видео интервјуата во кинеските медиуми со две лица за кои се верува дека се првиот документиран корона вирус.
Д-р Воробеј тврди дека врските на добавувачите од пазарот на морска храна во Хуанан, како и новата анализа на врските на најраните хоспитализирани пациенти од пазарот, силно укажуваат дека пандемијата започнала токму таму.
„Во овој град со 11 милиони жители, половина од раните случаи се поврзани со место со големина на фудбалско игралиште. Многу е тешко да се објасни тој модел доколку првите случаи на инфекција не започнале на тој пазар“, рече д-р Воробеј.
Неколку експерти се согласија со анализата на д-р Воробеј дека првиот познат случај на коронатаа најверојатно бил продавач на морска храна. Сепак, некои наведуваат дека сè уште нема доволно докази за да се реши прашањето за почетокот на пандемијата. Имено, овие научници сугерираат дека вирусот веројатно ја заразил „нултата личност“ во одреден момент пред да се случи случајот на продавачот на пазарот, а потоа достигнал критична маса и се проширил низ пазарот. Истражувањето за промените во геномот на корона вирусотот, вклучувајќи го и оној на д-р Воробеј сугерира дека првата инфекција се случила во средината на ноември 2019 година, неколку недели пред да се разболи продавач на пазарот.
„Не е дека не се согласувам со истражувањето, но мислам дека ниеден податок не е доволно силен или целосен за да се заклучи нешто веродостојно, освен дека пазарот на морска храна во Хуанан очигледно беше супер-жариште“, рече вирологотЏеси Блум од Центарот за истражување на канцер „Фред Хачинсон“.
Тој исто така истакна дека ова не е првпат извештајот на Светската здравствена организација, кој е направен во соработка со кинески истражувачи, да содржи погрешни информации, вклучително и погрешни заклучоци за потенцијалните врски на раните пациенти со пазарот. „Просто е неверојатно што во сите овие случаи има постојани недоследности за тоа кога точно се случило тоа“, рече тој.
