Економија, финансии, бизнис

Контакт

Голем пожар во Москва - има мртви пожарникари

Голем пожар во Москва - има мртви пожарникари

Осум пожарникари загинаа синоќа во голем пожар во складиште за пластика во Москва. 

Загинатите пожарникари работеле на покривот, за да создадат водена завеса за ладење на контејнерите со гас и компресорите и за да го спречат нивното експлодирање.

Tелата на пожарникарите биле пронајдени на местото, каде се изведувани главните спасувачки операции.

„Тие биле едни од првите, кои пристигнале на местото на пожарот, веднаш извршиле проверка и евакуирале над сто работници од складиштето“ - велат од руското Министерство за вонредни состојби. 

Прес-службата на градската управа на Министерството за вонредни состојби соопшти дека пожарот бил локализиран по неколку часа. Се  истражуваат причините за пожарот.


Слично

Поврзани вести