Економија, финансии, бизнис

Контакт

Голем пожар во Исмаилија на Суецкиот канал, испратени воени авиони, повредени најмалку 30 лица

Голем пожар во Исмаилија на Суецкиот канал, испратени воени авиони, повредени најмалку 30 лица

Најмалку 38 лица се повредени во пожар во египетскиот град Исмаилија на Суецкиот канал, јави утринава агенцијата Франс прес, повикувајќи се на безбедносни извори.


Пожарот, чија причина е непозната, пред зори избувнал во седиштето на Управата за безбедност.

Неколку десетици амбулантни возила и пожарникари се на терен, а на пат се и два воени авиони, јавија државните медиуми.

Портпаролот на Министерството за здравство на Египет, Хосам Абдел Гафара изјави дека на лице место им била укажана помош на 12 повредени, додека 26 се префрлени во болници, а сите освен двајца имаат отежнато дишење, пренесува АП.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести