Голем крах ја чека филмската индустрија?
Стивен Спилберг верува дека промените во филмската индустрија се неизбежни, посебно ако неколку големи високобуџетни филмови во вредност од 250 милиони долари пропаднат во кината, па тоа засекогаш ќе ја промени индустријата, пишуваат американските медиуми.
Тогаш , па дури и пред тоа, ќе има промени на цените на билетите, па така ќе треба да си платите 25 долари за следниот „Iron Man ", а веројатно само седум долари за да го погледнете „'Линколн'", вели тој, додавајќи дека „Линколн " за малку ќе завршеше на телевизиските канали, наместо во кината, пишува „Холивуд Репортер“.
Со него се сложува и Џорџ Лукас, кој исто така смета дека во филмската индустрија ќе има големи промени, како на пример дека по моделот на Бродвеј рќе се снимаат помалку филмови кои ќе се прикажуваат во кината во текот на цела година и ќе имаат многу повисоки цени на билетите. Спилберг изјави дека неговиот филм "ЕТ" од 1982 година се прикажуаше во кино една година и четири месеци.
Тој предупреди дека дури и докажаните таленти денес едвај успеваат да направат филм.
Лукас е незадоволен поради високите цени за маркетинг во филмската индустрија, а има голем притисок да се снимаат филмови за широки народни маси, а не за целната публика. Тој верува дека кабловска телевизија денес е многу поважна од киното и филмот.
Двајцата легендарни режисери ова го изјавија на церемонијата на отворањето на новата зграда на Факултетот за филмска уметност на Универзитетот во Јужна Калифорнија.
Слично
