Голем дел од Русите не се плашат од Ковид-19
Голем дел од Русите не се плашат од Ковид-19 и не планираат да се вакцинираат.
Вакви податоци произлегоа од истражувањето на Институтот Левада, илустрирајќи ги тешкотиите со кои се соочува стратегијата за вакцинација на претседателот Владимир Путин. Истражувањето е направено во април, а 62 проценти од испитаниците не се подготвени да се вакцинираат со Спутник V, развиен од научниот институт Гамалеја.
Истиот процент на луѓе имале отпорност на вакцинација во февруари, но паднал и бројот на оние кои биле подготвени да се вакцинираат. Во февруари имало 30 проценти од нив за вакцинирање, а во април 26 проценти. 10 проценти од нив се изјасниле дека ја примиле вакцината. 56 проценти од Русите не се плашат од заразување со новиот коронавирус, исто како и во февруари, но многу повеќе отколку во декември минатата година кога 41 процент изјавиле дека не стравуваат од вирусот.
foto freepik
