Голем број на израелски војници убиени во акција
Израелските вооружени сили соопштија дека досега најмалку 169 израелски војници се убиени досега во борбите со Хамас.
Станува збор за период од четири дена по масовниот напад на исламистичката група врз Израел.
„Ги информиравме семејствата на 169 војници убиени во акција“, изјави портпаролот на израелската армија Даниел Хагари.
Израелските власти контактирале и со семејствата на 60 лица кои sе заробени и однесени во Газа.
Слично
