Голдман Сакс плати 400 000 евра за два збора на Хилари Клинтон
Хилари Клинтон инкасираше 400.000 долари за два збора , искажани на конференција организирана од банката Голдман Сакс. Сопругата на поранешниот претседател ја запозна одбраната публика со своите мисли на 24 и 29 октомври, соопштуваат "Политико" и "Њујорк тајмс ".
Прв јавен настап во оваа профитабилна за неа недела, Хилари имала на годишната конференција за алтернативно инвестирање AIMS , која беше затворена за медиуми и се одржа во четвртокот минатата недела . Таа беше исклучиво за клиенти на американскиот финансиски гигант . Учесниците на форумот беа запознаени со последните стратешки визии на Goldman Sachs и со производите кои ги нуди банката.
Поранешниот државен секретар на САД ќе настапи во вторник и на другиот настан организиран од банката - Builders and Innovators Summit , на кој ќе бидат разгледани перспективите пред претприемачите и ќе им бидат дадени совети како да се развијат и да го прошират својот бизнис.
Од Goldman Sachs не сакале за " Политико " да коментираат за што точно зборувала Хилари на форумот , како и зошто токму таа е поканета да го одржи главниот говор на настанот , прецизира БГНЕС .
Слично
