Економија, финансии, бизнис

Контакт

Годишната продажба на розови дијаманти руши рекорди

Годишната продажба на розови дијаманти руши рекорди
Рекорден број на понуди привлече годишната продажба на розови дијаманти , поголеми од милион американски долари по дијамант, објави во понеделникот рударската компанија „Rio Tinto", сопственик на австралискиот рудник Аргајл . На купувачите и колекционерите во 2013 година им биле понудени 64 црвени, розови и сини дијаманти. „Argyle Phoenix", дијамант од 1,56 карати, еден од трите црвени дијаманта понуден на „продажба годинава, а продаден е за малку повеќе од два милиони  американски долари на јувелир од Сингапур, со што стана најскапиот дијамант по карат изваден од рудникот Аргајле. Дијамантот „Argyle Dauphine", пак, со длабока розова боја до 2,51 карати  е продаден по цена повисока од два милиона долара. Цената на каратот на розов дијамант може да достигне 50 пати цена на бел дијамант.
Слично

Поврзани вести