Годинава раст на производството на храна во Русија
Статистичките податоци во Русија покажуваат дека расте производството на храна во земјата споредено со лани. Имено, во текот на јануари и февруари производството на месо и месни производи пораснало за 23,6 отсто во однос на истиот период лани и достигнало 230.000 тони.
Производството на живино месо е зголемена за 6,9 отсто, на 572.000 тони, но за 1,7% паднало производството на кобасици односно на 233.000 тони.
Производството на риба и производи од риба пораснало за 6,2 отсто на 652.000 тони, а за три отсто повеќе е произведено млеко или 900.000 тони. Раст има и во производството на пченичното брашно и тоа за 1,4 отсто повеќе отколку во јануари и февруари 2012 година, но пад бележи производството на пекарски производи за 3,4 отсто, на 988.000 тони.
