ГОДИНАВА: Нови правила на Октоберфест во Минхен
Организаторите на Октоберфест одги обрија новите правила пред почетокот на популарниот пивски фестивал кој собира стотици илјади Германци и гости во Минхен.
Фестивалот започнува на 17 септември и ќе се одржи под засилени мерки за безбедност. За да се обезбеди мирот на улиците, организаторите размислуваат дали да не воведат забрана за носење на ранци.
Градоначалникот на Минхен изјави дека локалните власти се уште размислуваат дали да ја прифатат забраната за ранци. Од своја страна, портпаролот на сопствениците на шатори за Октоберфест коментира дека полицијата во Минхен е добро подготвена за да се справи со сите пречки поврзани со безбедноста на овогодинешниот настан.
Тој уште рече дека фестивалот не е толку скап, за да треба луѓето да ги носат парите во ранец.
Еден од сопствениците на шатори пак е на мислење дека големите ранци само пречат при движењето за време на фестивалот.
