Економија, финансии, бизнис

Контакт

Годинава ќе расте продажбата на компјутери, таблет уреди и смартфони

Годинава ќе расте продажбата на компјутери, таблет уреди и смартфони
Оваа година во светот се очекува да се зголеми продажбата на  компјутери, таблет уреди и на смартфони, за девет проценти и ќе достигне 2,4 милијарди парчиња, соопшти истражувачко-консултантската компанија Гартнер. Корисниците претпочитаат се повеќе таблет уреди и смартфони и затоа продажбата на персонални компјутери и лаптопи ќе забележи пад од 7,6 отсто, до околу 315 милиони оваа година, според Гартнер, која појаснува дека е забележана тенденција на продажба на помоќни таблет уреди по пониски цени, со што се ставаат во втор план традиционалните компјутери. - Некои луѓе ќе ги задржат и персоналните компјутери и таблет уредите, особено оние кои ги користат за работа и за рекреација, но многумина ќе се задоволат со таблет уред како основен компјутер, изјави претставничка на компанијата.  
Слично

Поврзани вести