Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГОДИНАВА ИМА 19 ЖРТВИ: Уште едно дете почина во врел автомобил

ГОДИНАВА ИМА 19 ЖРТВИ: Уште едно дете почина во врел автомобил

Момче на возраст од 5 години e пронајдено мртво во врел автомобил во Тексас. 

Детето било во автомобил пред основно училиште во Јужен Тексас.  Во четвртокот, во округот Хидалго имаше температура од 38,3 степени, но субјективното чувство беше 40,5 степени Целзиусови. Момчето е роднина на лице кое е вработено во кампусот во основното училиште, пишува АБЦ Њуз. Организацијата Кидс анд Карс, објави дека починатото момче е 19-то дете кое починало во автомобил од топлотен удар во САД оваа година. Повеќе од 1.000 деца во САД умреле во врели автомобили од 1990 година. Оваа година и во Франција дете почина во врел автомобил. 

foto freepik.com/user 4894991

Слично

Поврзани вести