Година од трагедијата во Нови Сад: Комеморации, марш на студенти и ден на жалост
Денеска се одбележува една година од падот на натстрешницата на железничката станица во Нови Сад – несреќа што однесе 16 животи и повреди повеќе од 200 лица. Настанот силно ја потресе јавноста и го отвори прашањето за безбедноста и одговорноста на надлежните институции.
По повод годишнината, прогласен ден на жалост, а од вчера, реки народ - студенти и граѓани од повеќе градови во Србија и регионот пристигнуваат во Нови Сад. Студентски организации организираа симболичен марш и пристигнување кон местото на трагедијата, како чин на солидарност и поддршка на семејствата на настраданите.
Централната комеморација ќе се одржи пред железничката станица. Настанот повторно ја отвора темата за неопходноста од одговорност и превенција. Јавноста и активистите потсетуваат дека трагедијата мора да биде поука и дека е потребно целосно расчистување на случајот, подобрување на безбедносните стандарди и транспарентност во работата на институциите.
Во централните делови на градот има засилено полициско обезбедување.
Комеморативните настани денеска не се само потсетување на трагичниот настан, туку и силна порака за солидарност, одговорност и грижа за заедничката безбедност — за ваква несреќа никогаш да не се повтори.
