Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГО ЗAТВОРИЈА НЕБОТО ЗА РУСКАТА АВИАЦИЈА: Европа и Турција се здружија против Русија

ГО ЗAТВОРИЈА НЕБОТО ЗА РУСКАТА АВИАЦИЈА: Европа и Турција се здружија против Русија

Руските пилоти кои ги извршувале задачите во борба против терористичките организации во Сиријa биле принудени да направат круг околу Европа, бидејќи небоtо на европските земји и Турција за нив било затворено соопшти денеска руското министерство за одбрана.

Земјите од Европа и Турција го затвориле своето небо за авионите на руската воена авиација која изведува напади над објекитите на „Исламска држава“ во Сирија, поради што руските пилоти биле принудени да најдат заобиколен пат, изјавил генерал мајор Анатолиј Коновалов.

„Оленегорск е нашиот најсеверен аеродром, што ни овозможува зголемување на дометот и полнење на гориво во воздух. Постоеја одредени периоди кои ги исклучуваа можностите за алтернативно решавање на задачите. Меѓутоа, Европа и Турција не ги пуштаа нашите авиони“, изјавил Коновалов.

Тој додал дека дури и во такви услови руската воена авиација докажала дека е способна да ги исполнува зададените задачи.

Слично

Поврзани вести