Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ГО ЗАРОБИВМЕ ПРВИОТ ГЕРМАНСКИ ЛЕОПАРД КАЈ БАХМУТ“: Русите тврдат – бил управуван од платеници од Полска

„ГО ЗАРОБИВМЕ ПРВИОТ ГЕРМАНСКИ ЛЕОПАРД КАЈ БАХМУТ“: Русите тврдат – бил управуван од платеници од Полска

Русите тврдат дека го заробиле првиот германски тенк Леопард во Украина, а со него и платениците од Полска кои управувале со него.

Ова тврдење го изнесе Алексеј Муратов, заменик-секретар на Доњецкиот огранок на партијата „Единствена Русија“. Според Муратов, тенкот бил заробен во областа на градот Бахмут.

Вистина или пропаганда?

Во моментов нема докази дека тенкот Леопард е заробен. Сè уште не се објавени фотографии, иако руските војници не би пропуштиле шанса да позираат покрај леопард со руско знаме на неговата купола.

На социјалната мрежа Твитер се појави фотографија, наводно од тенк Леопард заглавен во кал со руско знаме на куполата, но автентичноста на оваа фотографија не е потврдена и не се знае дали се работи за фотомонтажа.


Слично

Поврзани вести