Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГО УРНА ГИНИСОВИОТ РЕКОРД: Нигериска готвачка подготвуваше јадења 100 часа без престан

ГО УРНА ГИНИСОВИОТ РЕКОРД: Нигериска готвачка подготвуваше јадења 100 часа без престан

Нигериска готвачка поставила нов рекорд така што готвела 100 часа без престан. 

Жената е од градот Лагос и го соборила досегашниот рекорд за непрекинато готвење кој изнесувал 87 часа и 45 минути. Таа ги воодушевила своите сонародници готвејќи 100 часа без престан и официјално е прогласена за носителка на Гинисов рекорд за најдолго непрекинато готвење познато како cook-athon. Хилда Баси своето маратонско готварско шоу го почна во четвртокот, а заврши дури доцна синоќа. Таа подготвуваше специјалитети од националната и меѓународната кујна.

Претседателот Мухамаду Бухари и неколку политичари и познати личности јавно ѝ честитаа на Баси.

Досега Гинисовиот рекорд го држеше професионалната готвачка од Индија, Лата Тондон, која во 2019 година готвеше цели 87 часа и 45 минути, непрекинато.

Слично

Поврзани вести