Економија, финансии, бизнис

Контакт

Го создале вирусот „Гонзи“ и стопиле десетици милиони долари од банка

Го создале вирусот „Гонзи“ и стопиле десетици милиони долари од банка

Њујоршкото обвинителството покрена тужба против тројца хакери, кои со помош на компјутерски вирус украле десетици милиони долари од банкраски сметки. Како што јави БТА, главен обвинет е Русинот Никита Кузмин, кој се смета за мозок на групата. Другите двајца се Латвиецот Денис Каловскис и Романецот Мијах Паунеску.

Според инспекторите групата преку вируси, вклучително создадениот од нив вирус „Гонзи“, добиле пристап до сметки на физички и правни лица и заразиле со вирусот не помалку од еден милион компјутери во светот и 40 илјади во САД, од кои 160 компјутери на вселенската агенција НАСА. Од 2005 година сајбер криминалците успеале да одземат десетици милиони долари.

Кузмин е уапсен во САД во мај 2011 година. Во 2012 година тој постигна договор со обвинителството. Може да биде и до 95 години затвор. По апсењето на Кузмин кон крајот на минатата година на барање на американските власти во нивните земји беа притворени и Латвиецот и Романецот. Тие се уште не се екстрадирани во САД, но постапката е започната. Каловскис може да добие максимум 67 години затвор, а Паунеску до 60 години.

Слично

Поврзани вести