Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГО ПРОДАЛА БУБРЕГОТ ЗА ДА ГО СПАСИ СОПРУГОТ - го тргнала и хиџабот и четири години се преправала дека е маж

ГО ПРОДАЛА БУБРЕГОТ ЗА ДА ГО СПАСИ СОПРУГОТ - го тргнала и хиџабот и четири години се преправала дека е маж

Бахеја Али Сулејман од Египет, четири години се маскирала во маж, се нафатила на тешки работни места во кои доминираат мажи и го продала својот бубрег... Се‘ со цел сама да го прехрани своето осиромашено семејство обземено од долгови.

Сулејман се појави во јавноста откако гостуваше во египетското шоу „90 минути“, кај водителот Моатаз Ел-Демердаш.

Бахеја во разговор со водителот објасни како ја земала „жртвата“ за своето семејство.

Нејзиниот сопруг, кој е инвалид и неспособен за работа, не можел да придонесе за семејството, па 32-годишната мајка на три деца го соблекла хиџабот, ја скратила косата, се облекла во машка облека и се занимавала со работа во која доминираат мажи.

Во изминатите четири години таа живеела како Баккар, нејзиното машко алтер его.

- Прво почнав да работам на градилиштето облечена во абаја и вел, а луѓето не ме сфатија сериозно - објасни таа.

Преправена во маж, Сулејман работела на градилиште во градот Бени Суеф. Користела и прекувремена работа и останала по смената за да заработи дополнителни пари, пред полицијата да ја фати и да ѝ го одземе возилото, кое било клучен извор на приход во семејството - затоа што немала валидна дозвола, и да открие дека всушност не е маж, туку жена и поради тоа повеќе не можела да работи на градилиштето.

Сулејман не успеала да ги обезбеди 3.000 EGP (168 американски долари) што требало да ги плати како казна за да го земе нејзиното возило.

- Кога гледам жени облечени во женска облека, ме боли - одговорила кога водителот ја прашала дали и недостасува животот како жена.

Но, тоа не е се‘. 

Прочитајте повеќе детали на Женски магазин

Слично

Поврзани вести