ГО ПРОДАДОВМЕ БЕБЕТО ЗА 500 ДОЛАРИ: Очајни мајки од Авганистан си ги продаваат новороденчињата за да ги нахранат другите деца
Очајни и гладни
жени од Авганистан ги продаваат своите деца за неколку стотици долари откако
Талибанците ја зазедоа земјата. Новинарката на Би-Би-Си, Јогита Лимаје направи
репортажа од село надвор од Херат, на западот на земјата, каде што разговарала
со мајка која го продала своето новороденче за 500 долари за да може да купи
храна за нејзините други деца.
Купувачот бил неименуван маж кој тврдел дека сака да одгледа девојка која ќе се ожени со неговиот син, но нема гаранција за неговите намери. Купувачот платил 250 долари однапред, доволно за семејството да може да купи храна за неколку месеци, а остатокот ќе го плати кога ќе се врати за бебето, односно кога тоа ќе прооди.
„Моите други деца гладуваа, па моравме да ја продадеме нашата ќерка“, изјавила мајката за Би-Би-Си.
„Како да не бидам тажна? Таа е мое дете.'
Пандемијата на корона вирусот, сушата и преземањето на власта од страна на Талибанците пред три месеци драматично ја влошија ситуацијата во Авганистан, а земјата сега е на работ на економски колапс.
Храната поскапе, работниците не се платени, бизнисите се затворени, а семејствата се принудени да продаваат се што имаат за да преживеат.
Таткото на бебето, кој порано заработувал како чистач на улици, објаснува дека немале избор.
„Ние гладуваме. Во моментов немаме ни брашно ни зејтин дома. Немаме ништо. Мојата ќерка нема поим каква ќе биде нејзината иднина. Не знам како ќе се чувствува за тоа. Но, морав да го сторам тоа – изјавил тој за Би-Би-Си.
Детските бракови се практикуваат во Авганистан веќе 100 години, но тешката економска ситуација во земјата принуди многу семејства, како ова, да се договараат порано.
ФОТО: BBC-print screen