Економија, финансии, бизнис

Контакт

Го „преживеа“ гласањето: Јункер останува претседател на Европската комисија

Го „преживеа“ гласањето: Јункер останува претседател на Европската комисија

Претседателот на Европската комисија Жан Колд Јункер денеска „го преживеа“ гласањето за недоверба кое во Европскиот парламент го покренало група на евроскептични пратеници на чело со Најџел Фараж, лидер на британската партија УКИП.

Само 101 од вкупно 751 пратеник на ЕП ја подржале иницијативата Јункер да се смени поради неговата улога во аферата „Луксиликс“, додека повеќе од 460 од нив гласале тој да остане на функција.

Аферата изби непосредно откако Јункер на 1 ноември стапи на должност, после што во јавноста се појавија голем број документи кои покажале како луксембуршките власти, додека Јункер бил премиер, со години им овозможувале на големите меѓународни корпорации преку фиктивни фирми да го избегнуваат плаќањето на данокот.

Поради тоа Фараж, водачот на британската индепендистичка (независна) партија УКИП покренал постапка за Јункерово менување, а на него му се придружиле пратеници на францускиот десничарски Национален фронт и низа мали евроскептички партии.

На почетокот на гласањето дошло до помал инцидент, кога британските и француските пратеници пред себе ги ставиле националните знамиња на своите земји, додека други држале транспаренти со натпис „Не сакаме даночни рајеви“.

Откако претседателот на парламентот Мартин Шуц ги предупредил дека правилникот не дозволува истакнување на националните обележја, пратениците ги тргнале знамињата, што било пропратено со аплауз од останатите парламентарци.

   
Слично

Поврзани вести