Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГО ПРЕДИЗВИКАА ТРАМП: Палестинците бараат суверена и независна држава

ГО ПРЕДИЗВИКАА ТРАМП: Палестинците бараат суверена и независна држава

Палестинците предадоа контрапредлог на Трамповиот мировен план.

Тие објавија дека предале контрапредлог на американскиот план за Блискиот Исток и ги повикаа Европејците да го притиснат Израел од анексијата на окупираниот Западен брег.

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху го одреди 1 јули како датум кога ќе почне спроведувањето на анексијата на израелските населби и долината на Јордан на Западниот брег. 

„Го предадовме контрапредлогот на Квартетот (Европската Унија, Обединетите нации, Русија и Соединетите Американски Држави) пред неколку дена“, изјави палестинскиот премиер Мохамед Штајех, јавува Франс прес.

Предлогот предвидува создавање „суверена, независна и демилитаризирана палестинска држава“. 

Текстот предлага „помали измени на граничните линии таму каде што е потребно“, кажа тој на средбата со новинарите во Рамала, седиштето на палестинската власт.

Размената на териториите ќе се изврши според принципот на рамноправност во смисла на „големината и вредноста“, кажа палестинскиот премиер.

За една деценија, населението во стотината израелски населби на Западниот брег порасна за 50 отсто и надмина 450.000 жители. 

На оваа територија живеат и над 2,7 милиони Палестинци.

Палестинците бараат независна држава во областа на Западниот брег со источен Ерусалим како главен град и во Појасот Газа, областите кои Израел ги освои во Шестдневната војна во 1967 година.

Слично

Поврзани вести