ГО ОТРУ ЛИТВИНЕНКО СО РАДИОАКТИВЕН ПОЛОНИУМ, А ТОЈ СЕГА ПОЧИНА ОД КОРОНА: Рускиот бизнисмен Ковтун никогаш не беше испорачан на Британија
Дмитриј Ковтун,
еден од двајцата Руси обвинети од Велика Британија за труење на остриот критичар
на Кремљ, Александар Литвиненко во Лондон, почина од корона вирусот.
ТАСС јавува дека починал во болница во Москва.
Инаку, бизнисменот Ковтун беше осомничен за убиство на Литвиненко, кој почина неколку недели откако пиеше зелен чај во кој бил ставен радиоактивен полониум-210 во хотелот Милениум во Лондон, каде што се сретна со Ковтун и со другиот осомничен, Андреј Лугов.
Британските инспектори пронајдоа траги од полониум на места во Лондон каде што се наоѓале двајца мажи, вклучувајќи канцеларии, хотели, авиони и фудбалскиот стадион на Арсенал. Тие негираа дека го труеле, а Русија одби да ги екстрадира на судење.
Литвиненко, британски државјанин, беше поранешен офицер на КГБ, кој стана отворен противник на рускиот претседател Владимир Путин. Непосредно пред смртта, тој го обвини Путин дека го наредил неговото убиство, но Кремљ секогаш негираше каква било вмешаност.
Судија во британската истрага за овој случај во 2016 година заклучил дека убиството е операција на руската шпионска агенција ФСБ, која најверојатно била одобрена од тогашниот директор на ФСБ, Николај Патрушев и самиот Путин.
ФОТО: EPA/YURI KOCHETKOV