ГО ОСВОИ СОЛЕДАР, А ЗАД СЕБЕ ИМА ИЗМАМА ЗА КОЈА Е ГОНЕТ: Koј е новиот водач на Вагнер?
Руската паравоена формација Вагнер има нов шеф. Новиот лидер е командантот Антон Јелизаров, попознат по прекарот Лотус, кој се прослави со освојувањето на украинскиот град Соледар, кој воедно е една од најзначајните победи на Русија за време на инвазијата на Украина.
Јелизаров е еден од највлијателните вагнеровци, со долгогодишно искуство и во редовната руска армија и во разузнавачките служби. Роден е во градот Жерноград, Ростовска област. Во 1998 година дипломирал на военото училиште „Суворов“ на во Улјановск, а во 2003 година ги завршил студиите во Рјазанската гардиска виша воздушнодесантна школа, именувана по генералот В.Ф. Маргелов.
По дипломирањето, работел во Југоисточниот округ. Тој командуваше со вод и чета во 7-та гардиска десантна (планинска) дивизија во Новоросијск, служеше во 10-та специјална бригада на специјалните сили на ГРУ. Му се придружил на Вагнер откако е отпуштен од руската армија поради измама. Како што пишуваат независните руски медиуми, станува збор за службен стан кој незаконски го отуѓил, поради што е водена постапка против него.
Се верува дека Јелизаров е дел од Вагнер од 2016 година, но неговото име стана нашироко познато по падот на украинскиот град Соледар во јануари годинава. Јелизаров командувал со трупите на Вагнер во Донбас, каде што се воделе најкрвавите битки.
Тој е еден од ретките вагнеровци кои Пригожин јавно ги пофалил. Во видеото објавено на 14 јануари, Пригожин го претстави Јелизаров како командант со големо борбено искуство.
Пригожин е погребан пред два дена, а загина минатата среда во авионска несреќа кај Москва. Пред повеќе од два месеци, Пригожин направи неуспешен обид за пуч.Инаку, украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина е способна со проектил да погоди цел на оддалеченост од 700 километри. Тоа се проектили од украинско производство.
foto EPA
