Економија, финансии, бизнис

Контакт

Го осудија поранешниот потпретседател на инвестициската банка „Goldman Sachs“

Го осудија поранешниот потпретседател на инвестициската банка „Goldman Sachs“

Поранешниот потпретседател на инвестициската банка „Goldman Sachs“, Фабрис Туре, го прогласија за виновен американските власти, објави „BBC”.

Според обвинението Фабрис Туре бил задолжен за развојот на сложените финансиски инструменти, а потоа придонел за намалувањето на вредноста на оваа алатка. Како резултат на овие негови активности инвеститорите претрпеле загуби во вредност од над 1 милијарда долари.

Обвинувањата кон Туре беа покренати во април 2010 година од Федералната комисија за хартии. Обвиненија беа покренати првично и на самата банка „Goldman Sachs“, но во јули 2010 година финансиската институција плати глоба во износ од 550 милиони долари и случајот против неа беше прекинат.

Туре ја напушти „Goldman Sachs“ во крајот на 2012 година. Казната ќе биде дефинитивна на следното рочиште, но најмалку се очекува да добие забрана да се занимава со финансиска активност.

Слично

Поврзани вести