Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГО ОБВИНИЈА ЗА ДВОЈНА УЛОГА: Maкрон вели дека во Украина ќе има долготрајна војна

ГО ОБВИНИЈА ЗА ДВОЈНА УЛОГА: Maкрон вели дека во Украина ќе има долготрајна војна

Според францускиот претседател, Емануел Макрон, војната во Украина ќе трае долго. 

Макрон денеска изјави дека е за продолжување на дијалогот со Русија за да се спречи ескалација на конфликтот во Украина, но во исто време вети безрезервна поддршка на Киев.  Тој вели дека Франција ќе продолжи да го поддржува Киев на економски, воен и хуманитарен план. Според Макрон, клучот е во европското единство. 

„Франција ќе продолжи да разговара со Русија. Кој сака Турција да биде единствената сила во светот која продолжува да разговара со Русија?“, праша Макрон.

Сепак вели дека за преговори за мир може да си одлучи само Украина. 

Инаку, многу политичари го обвинија Макрон дека игра двојна улога. 

Германија исто како и Франција најави дека ќе продолжи со поддршка на Украина, но сметаат дека војната може да трае до идното лето. 

Франција беше една од трите земји заедно со Германија и Унгарија која беше против целосно укинување на визи за руските граѓани во ЕУ. 

foto EPA / HECTOR RETAMAL

Слично

Поврзани вести