Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГО НЕМА ВО ЈАВНОСТ: Сите се прашуваат каде се наоѓа Ким Џонг Ун

ГО НЕМА ВО ЈАВНОСТ: Сите се прашуваат каде се наоѓа Ким Џонг Ун

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, повторно исчезна од јавноста. Токму од настанот во фабриката што се одржа на 1 мај и кој беше проследен од мал милион камери и новинари, севернокорејскиот лидер не се појави во јавноста.

„Можеби е на терен и отвора нови фабрики, а тоа би можело да значи дека е добро. Ние ги викаме „затворено кралство“, бидејќи многу тешко се добиваат информации од Северна Кореја. Објавија фотографии дека е жив и здрав, па ние претпоставуваме дека е така“ – изјави за „Bloomberg“, Роберт О’Брајан, советник на американскиот претседател Доналд Трамп.

Во јавноста се појавија шпекулации дека Северна Кореја наводно го заклучила градот Расон на североистокот на земјата, во близина на границата со Кина и со Русија. 

Некои сметаат дека таму престојува лидерот, а други, пак, сметаат дека пандемијата на коронавирусот стигнала и во Северна Кореја.

При крајот на април и почетокот на мај беше мистерија за тоа дали Ким е жив, или е починат.   Ким претходно не се појавил во јавност од 11-ти април кога претседавал на состанокот на Политбирото на владејачката Работничка партија.

Тој не присуствувал на прославата на роденденот на Ким Ил Сунг, 15-ти април, кој е најважен национален празник.

Потоа тој се појави во јавност. 
Слично

Поврзани вести