ГО НАРЕКУВАА НАЈСИРОМАШНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СВЕТОТ: Почина Хозе Мухика
Почина човекот кого го нарекуваа најсиромашниот претседател на светот.
Станува збор за поранешниот претседател на Уругвај, Хозе Мухика, објави актуелниот лидер на јужноамериканската земја Џаманда Орси во објава на Х. Мухика, кој често го добиваше прекарот Пепе и беше претседател на Уругвај од 2010 до 2015 година, имаше 89 години.
Тој стана познат во светот по отфрлањето на конвенциите додека владееше. Застапник на штедливоста, тој одби да живее во претседателската палата, возел винтиџ „бубачка“ на Фолксваген и претпочитал да остане на својата скромна фарма во близина на Монтевидео. Популарноста ја стекна со спонтан говор. Застапник на многу прогресивни мерки за Латинска Америка како што е легализацијата на канабисот, што беше првпат во светот во 2013 година, абортусот и хомосексуалните бракови, Мухика го доби прекарот „најсиромашниот претседател во светот“ давајќи го скоро целиот свој претседателски приход на програмата за социјални станови. Поранешниот претседател на Уругвај боледувал од рак на хранопроводникот.
