Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГО НАРЕКОА „ЏЕЛАТОТ НА МАРИУПОЛ“: Рускиот генерал го бвинија за воздушен напад врз детската болница во Мариупол, пишува NY Post

ГО НАРЕКОА „ЏЕЛАТОТ НА МАРИУПОЛ“: Рускиот генерал го бвинија за воздушен напад врз детската болница во Мариупол, пишува NY Post

Украинските власти обвинија висок руски командант за некои од најлошите воени злосторства.

„Запомнете го. Ова е Михаил Мизинцев. Тој ја предводи опсадата на Мариупол. Тој нареди бомбардирање на детска болница, театар... итн. Тој има искуство во уништување градови во Сирија. Ќе се потрудиме да се сретнеме со него во Хаг“, напиша на Твитер краинската началничка на Центарот за граѓански слободи, Александра Матвичук и објави фотографија од генерал-полковникот кој е началник на рускиот центар за контрола на националната одбрана.

Нападот на детската болница и родилиштето предизвика бројни осуди од светот, а Русите ги отфрлија обвинувањата, наведувајќи дека припадниците на контроверзниот Азовски полк претходно протерувале пациенти и ја окупирале болницата.

Во воздушниот напад неколку дена подоцна беше бомбардиран театарот во Мариупол, кој беше засолниште за повеќе од илјада цивили, а со големи букви беше напишано на руски „ДЕЦА“.


Слично

Поврзани вести