Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГО НАПРАВИВ ТВИТЕР ПОПУЛАРЕН, НО НЕ СЕ ВРАЌАМ: Трамп останува на мрежата „ВИСТИНА“

ГО НАПРАВИВ ТВИТЕР ПОПУЛАРЕН, НО НЕ СЕ ВРАЌАМ: Трамп останува на мрежата „ВИСТИНА“

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се врати на социјалната мрежа Твитер и дека ќе остане верен на сопствената социјална платформа „Truth Social“, лансирана претходно оваа година.

Ова го изјави во интервју за американската ТВ „Фокс њуз“.

„Останувам на Вистина. Повеќе ми се допаѓа, задоволен сум како функционира. Ми се допаѓа Илон но останувам во Вистина. И му посакувам среќа. Се надевам дека сè ќе биде добро за него“, изјави Доналд Трамп.

Поранешниот претседател подвлече на фактот дека пред некој ден Фејсбук (платформата Мета изгуби 80 милијарди долари и како што вели „стана досадна“.

Според него, Твитер ја доживеал истата судбина, поради што е купен.

„Да не бев јас, никогаш немаше да се купи. Никој не би ни помислил на тоа. „Го направив Твитер популарен пред 12 години, тоа бев јас“, рече Трамп.

Шпекулациите за можното враќање на поранешниот американски претседател на Твитер се појавија откако се дозна за завршување на зделката за преземање на оваа социјална мрежа од страна на милјардерот Илон Маск.


Слично

Поврзани вести