Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГО НАДМИНА БРАЗИЛ - бројот на заразени од коронавирусот во Индија достигна 4,2 милиони лица

ГО НАДМИНА БРАЗИЛ - бројот на заразени од коронавирусот во Индија достигна 4,2 милиони лица

Индија забележа повеќе од 90.000 нови случаи на Ковид-19 во последните 24 часа и го надмина Бразил според вкупниот број на заразени, соопштија официјалните лица.

Оваа земја сега го има вториот најголем број на заразени со вирусот во светот – 4.204.613. Забележани се 71.642 смртни случаи, со што Индија е трета земја во светот по бројот на починати.

Зголемувањето на бројот на нови случаи претежно е регистрирано во пет индиски држави, пренесува „Би-Би-Си“.

Епидемијата се шири во време кога властите продолжуваат да ги укинуваат ограничувањата во обид да ја зајакнат економијата, бидејќи милиони луѓе останаа без работа од појавата на вирусот во март.

Слично

Поврзани вести