ГО МИНИРАА ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ МОСТ: Дали Украинците ќе се повлечат од Бахмут?
Неизвесно е дали Украинците ќе се повлечат од градот Бахмут, откако во контролирана експлозија го минираа железничкиот мост.
Украинската 46. бригада ги негира извештаите за повлекувањето велејќи дека мостот веќе е неупотреблив.
„Мостот е уништен одамна. Тие што се во Бахмут го знаат тоа. Сега тоа беше само контролен удар. Не ширете паника. И, да, таму може да се помине реката без мост“, велат тие.
Водачот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин рече дека градот е опколен и бара Украинците да се повлечат. Според неговите зборови, имало стари луѓе и деца кои војуваат и како што вели нивниот живот ќе биде краток. Но, на повеќе Твитер профили каде се ажурираат информации за воените дејствија, украинската страна тврди дека се држат во Бахмут и дека се борат за секој метар.
Слично
