Економија, финансии, бизнис

Контакт

Го критикуваше Ѓоковиќ за проруските ставови, победи Русинка, одби да се ракува и заплака за хероите на Украина

Го критикуваше Ѓоковиќ за проруските ставови, победи Русинка, одби да се ракува и заплака за хероите на Украина

Украинката Марта Костјук (20) ја победи руската тенисерка Варвара Грачева со 6:3, 7:5 во финалето на ВТА турнирот во Остин. Таа по победата одбила да се ракува со противничката и паднала на колена и почнала да плаче.

„На позицијата на која сум во моментов, многу е посебно да се освои оваа титула. Сакам да ја посветам на Украина и на сите луѓе кои се борат и умираат. На сите што се на трибините и гледаат, особено во Украина. Сакам да кажам: Слава на Украина!“, порача таа. 

Во јануари на Австралија опен, таа рече дека е многу вознемирувачки да се види Срѓан Ѓоковиќ како се слика со руско знаме со ликот на рускиот претседател Владимир Путин на него. Таа го критикуваше и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ за ставови кои ги смета за проруски. 

Украинците споделуваат фотографија од човекот кого руските сили го убија откако заробен ги изговори зборовите „Слава на Украина“: Видеото се споделува на социјалните мрежи. 

Слично

Поврзани вести