ГО КРИЕЛЕ ВО ТЕКОТ НА ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА: Aвстриец богатството го оставил на француско село
Необичен подарок доби едно село во Франција.
Селото доби два милиони евра во знак на благодарност од човек кој го криеле од нацистите. Австриец кој побегнал од нацистите во текот на Втората светска војна, во својот тестамент, најголемиот дел од богатството го препишал на селото кое со години го чувало за да не биде депортиран. Се работи за Ерик Швам, кој починал на 90-годишна возраст, а властите на Шамбон сир Лињон на југоистокот на Франција се изненадиле кога виделе колку пари им оставил тој. Градоначалникот Жан-Мишел Ејро одбил да каже колку пари се препишани, затоа што истите и натаму се пребројуваат, но еден од наследниците на Австриецот споменал дека се тоа два милиони евра.
Швам и неговото семејство пристигнале во 1943 година и биле скриени во училиштето сè до 1950 година. Подоцна тој се оженил со Французинка од областа на Лион, каде што живееле, а Ејро рече дека Швам замолил парите да се наменат за едукација на младите, особено во училиштата. Околу 2.500 Евреи биле скриени во ова село, така што израелскиот меморијален центар на холокаустот „Јад Вашем“ ги нарече жителите на Шамбон сир Лињон „праведните меѓу народите“. Ова село со нешто повеќе од 2.600 жители доби несекојдневен подарок.
