Економија, финансии, бизнис

Контакт

Го изгубиле домот заради Гугл?

Го изгубиле домот заради Гугл?
Вработените во Гугл постојано ги фалат условите за работа во својата компанија, така што работното место во Гугл станува сон за секој ИТ инжинер. Но, во последно време, вработените во оваа, но и во други познати технолошки компании стануваат непожелни во Сан Франциско, бидејќи жителите на овој град сметаат дека заради нив им поскапува животот. Имено, благодарејќи на Гугл и други компании чии седишта се сместени во овој град, во Сан Франциско се доселуваат инжинери од целиот свет чија плата е повеќепати повисока од просекот и заради кои цените особено за изнајмување станови непрекинато се зголемуваат. Само во декември 2013 цените на наемот во Сан Фрнациско се зголемиле за 10%, а дел од старите жители на градот веќе не можат да си дозволат да ги плаќаат, па газдите ги исфрлаат. Трендот ги привлече и шпекулантите со недвижнини кои купуваат се повеќе станови и куќи во овој град, ги исфрлаат станарите кои до тогаш живееле во нив и ги изнајмуваат по неколкупати повисоки цени на оние што тоа можат да си го дозволат. Освен ова, за разлика од „обичните“ жители на САн Франциско кои најчесто на работа патуваат со градски автобуси, вработените во Гугл, Фејсбук, Епл, Јаху се превезуваат со посебни модерни автобуси, со што дополнително се зголемува јазот меѓу вработените во ИТ компаниите и останатите жители на Сан Франциско. Своето несогласување со ваквата ситуација се изразува и со чести протести од страна на граѓани кои ги каменуваат автобусите на овие компании, им ги бушат гумите или им оставаат вулгарни пораки. Гугл се обидува да ја реши стиуацијата така што неодамна донираше речиси 7 милиони долари на градот Сан Франциско.
Слично

Поврзани вести