Го имавме најтоплото лето во историјата на Европа
Зад нас е најтоплото лето во историјата на Европа.
Европската програма „Коперникус“ за следење на климатските промени објави дека температурата од јуни до август е скоро за еден степен повисока отколку во истиот период од 1991 до 2020 година. Претходните рекорди се измерени во 2010 и 2018 година. Жешкото лето 2021 година е најновото во серијата трендови на климатските промени предизвикани од емисиите на стакленички гасови. Август оваа година, заедно со истиот месец во 2017 година, бил третиот најтопол месец на глобално ниво во историјата на мерењата и за 0,3 степени потопол од просекот помеѓу 1991 и 2020 година.
Слично
