Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГО ИМААТ ОНА ШТО НИЕ ГО НЕМАМЕ: Ова се градовите со најчист воздух

ГО ИМААТ ОНА ШТО НИЕ ГО НЕМАМЕ: Ова се градовите со најчист воздух

Хонолулу, на Хаваи е еден од градовите со најчист воздух во светот. 

Експертите веруваат дека тоа се должи на ветровите што дуваат и ги носат сите штетни честички кон морето. 
Жителите на швајцарскиот град, Цирих практикуваат возење велосипед, а што се однесува до транспортот, тие користат и возови, автобуси и метро. Малкумина избираат да возат автомобил, а тоа придонесува Цирих да биде еден од градовите со најчист воздух.

Зад нив е Аделаида, во Австралија. Тој неколку пати е прогласен за еден од најчистите градови во светот, но и високо е рангиран на списокот на најдобрите места за живеење.

Калгари, во Канада е чист поради распределувањето на органската храна и рециклирањето на различните материјали.

Хелсинки во Финска има повеќе од 3.800 километри велосипедски патеки.

Рејкјавик во Исланд е еден од петте најчисти градови во светот. Градот е целосно посветен на користење на алтернативните извори на енергија – околу 90 проценти од градот се затоплува и се снабдува со струја преку геотермална енергија.

фото Википедија

Слично

Поврзани вести