Го егзекутираа саудискиот принц, застрелал сонародник
Саудиски принц беше егзекутиран во Ријад, откако судот го прогласи за виновен за убиството на неговиот сонародник, соопшти Ројтерс, повикувајќи се на официјалната саудиска агенција СПА.
Принцот Турк бин Сауд ал Кабир се изјаснил виновен затоа што го застрелал Адел ал Мохаимид по несогласување, потврдија од Министерството за внатрешни работи во соопштението, без да прецизираат како бил погубен принцот.
Повеќето осудени на смрт во Саудиска Арабија се обезглавуваат со меч, забележуваат агенциите.
Членови на владејачкото саудиското кралско семејство, кое брои неколку илјади луѓе, ретко се осудуваат на смрт и ретко се егзекутирани.
Еден од најпознатите случаи беше оној со Фејсал бин Мусаид ал Сауд, кој го уби чичкото, кралот Фејсал, во 1975 година.
