Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГО ЧЕКАМЕ ПЕТОК: Kaква порака праќа Хезболах?

ГО ЧЕКАМЕ ПЕТОК: Kaква порака праќа Хезболах?

Неизвесно е што ќе се случува на Блискиот Исток и дали војната ќе се прошири. Хезболах објави снимка со мистериозна порака и велат дека го чекаат петок. 

Лидерот на оваа либанска организација Сејед Хасан Насралах  треба да одржи телевизиски говор во петок, 3 ноември, на церемонијата во чест на „мачениците кои паднаа на патот кон Ал-Кудс“. Обраќањето најверојатно ќе ја сигнализира и политичката стратегија што Хезболах ќе ја спроведува. Можно е Насралах да прогласи ескалација на борбите на израелската граница за да се обиде да ги повлече израелските сили на север. Во последните седмици,  Хезболах води гранична војна со Израел, во која досега се убиени 47 борци на Хезболах и седум израелски војници. Тековната погранична војна на Хезболах е дел од регионалната стратегија за симболични напади против Израел, поддржани од Иран, без да се предизвика масовна одмазда што може да го втурне регионот во општа војна.
Бунтовниците Хути во Јемен, поддржани од Иран, веќе потврдија дека лансирале дронови и ракети кон Израел. На 7 октомври, Хамас почна со напади на Израел, масакрираше цивили, а сега Израел прави офанзива во Газа за уништување на терористичката група Хамас. Од друга страна, Хамас тврди дека сака да ја уништи државата Израел. 
foto Twitter printskrin

Слично

Поврзани вести