ГО ЧЕКА ВИСТИНСКИОТ МОМЕНT: Што му спрема Макрон на Путин?
Рускиот претседател Владимир Путин може да остане без награда која ја добил во минатото.
Но, Макрон рече дека го чека „вистинскиот момент“ за да му ја одземе титулата на рускиот претседател. Тој ова го изјави откако во средата му ја додели оваа чест на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека размислува да му ја одземе француската највисока чест на рускиот колега Владимир Путин. Рускиот претседател ја доби наградата Легија на честа во 2006 година од поранешниот француски претседател Жак Ширак, потсетува „Би-Би-Си“.
Титулата е највисок француски поредок за заслуги, и воени и цивилни, и е основан во 1802 година од Наполеон Бонапарта.
Франција испраќаше воена помош во Украина, а Русија се закануваше на Франција.
